14.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Голем пожар во Грција, властите бараат од граѓаните да се евакуираат

Голем пожар избувна утрово на грчкиот остров Андрос кај селото Ремата, а локалните власти ги повикаа мештаните да се евакуираат, јавуваат локалните медиуми.

„Ги повикуваме жителите на селото Ремата да се евакуираат поради големиот проблем со пожар и чад што се прошириле во областа“, се наведува во апелот на првиот човек Андрос.

Според тамошните медиуми, пожарот зафатил ниска вегетација, а 15 пожарникари со пет возила и два авиона учествуваат во борбата против пожарот.

Волонтерите исто така им помагаат на припадниците на противпожарната единица.

Локалните власти апелираа до локалното население да се евакуира.

„Ги повикуваме жителите на селото Ремата да се евакуираат поради големиот проблем со пожар и чад што се проширија на тој простор. Ги замолуваме сопствениците на возила кои паркираа во близина, веднаш да ги отстранат автомобилите од таму“, се наведува во апелот на првиот човек Андрос Димитрис Локарис објавен на Фејсбук.

Противпожарната служба објави дека пожарот е во близина на селото, но засега не им се заканува на куќите. Како и да е, тие се одлучија на превентивна евакуација, како и да ги предупредат жителите на блиското село Арни.

Според грчките медиуми, силните ветрови ја отежнуваат борбата против големиот пожар.

Спонзорирано: