17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Заев: Економијата живее и расте, четирите пакети дадоа резултат

Во март е за 26,87% подобрена наплатата на царини и акцизи и за 18,6 % е подобрена наплата на ДДВ, пресонален данок и данок на добивка во споредба со март 2020 година, соопшти премиерот Зоран Заев во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија.

Тој додаде дека даночните приходи на кваратално ниво се зголемени за 5.5%.

Тоа покажува дека економијата живее и расте и тоа не мотивира да наоѓаме алатки да ја помагаме, тоа не охрабрува да дефинираме нови мерки, порача Заев и изрази надеж дека во Собранието ќе се ослободи пакетот мерки од 169 милиони евра.

Тој нагласи дека досегашните 4 пакети економски мерки за помош на стопанството и на граѓаните во пандемијата успеале за во првиот квартал за 4,2 % да ја подобрат економијата.

Извештаите покажуваат дека ако ги немало мерките, економијата ќе забелеше пад од 8,7%, рече Заев.

Тој нагласи дека и во овие услови просечната плата е порасната за 2,7% на 28.272 денари, минималната плата е покачена на 15.190 денари, а стапката не невработеност изнесува 16,1%.

Спонзорирано: