26.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Twitter
КОРОНАВИРУССВЕТ

Мицотакис ја критикуваше бавноста на вакцинацијата во ЕУ

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска ја критикуваше бавната имунизација во Европската Унија, но најави дека неговата земја ќе го удвои бројот на вакцинации во следните недели.

Мицотакис рече дека сите над 60-годишна возраст ќе бидат вакцинирани во Грција до крајот на мај.

Говорејќи пред грчкиот парламент, тој рече дека ја цени заедничката набавка на вакцини од страна на Европската комисија, што им помогна на помалите земји како Грција, но рече дека не успеала брзо да ги обезбеди потребните количини.

„ЕУ е должна да ги искористи сите правни средства за да ги принуди компаниите со кои потпиша договори да ги почитуваат одредбите од договорот, вклучително и забраната за извоз“, рече Мицотакис.

Со тоа тој ја поддржа најавата на ЕК дека ќе забрани извоз на вакцини сè додека „Астра зенека“ не ги достави договорените количини во ЕУ.