15.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТТОП ВЕСТИ

Повеќе од 2,7 милиони луѓе во светот починаа од коронавирус, а 123 милиони се заразени

Најмалку 2.716.035 луѓе починаа од коронавирус во светот, додека заразата со Ковид-19 е потврдена кај повеќе од 123.177.480 лица, јавуваат светските агенции.

Според последните анализи, Соединетите Американски Држави се најтешко погодена земја со 542.359 смртни случаи и 29.819.107 заразени со коронавирус.

После САД, најтешко беше погоден Бразил со 294.042 смртни случаи и 11.998.233 инфицирани, Мексико со 198.036 смртни случаи , Индија со 159.967 смртни случаи и Велика Британија со 126.155 смртни случаи .

Европа има вкупно 919.602 смртни случаи и 41.414.042 заразени, Латинска Америка и Карибите 743.506 смртни случаи, следуваат САД и Канада со 565.032 смртни случаи , по нив се Азија, Средниот исток, Африка и Океанија со 973 смртни случаи.