9.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Ангелов: Заев го избра правиот пат кон Европа, за 10 години овие процеси ќе ни изгледаат поинаку

„Премиерот Зоран Заев има повеќе информации од нас и тврдам дека ова е најисправниот пат за државата. Обидите што побрзо да се интегрираме во Европа се исправната политика за државата. Некои работи од денес после 10 години ќе ни изгледаат поинаку, тогаш кога ќе ја имаме вистинската полза од нив. Само ќе укажам дека оваа влада за две години успеа да го заврти целиот филм во меѓународната политика и да ја внесе државата во НАТО.“- изјави лидерот на Достоинство, Стојанче Ангелов, во емисијата „Само вистина“, на телевизија Канал 5.

Укажа на тоа дека настапите на владини преставници од Софија се дел од поголема пропаганда која Бугарија ја има кон Северна Македонија и која трае веќе со децении.

„Сакам сите да ги охрабрам, мене никој не треба да ми каже дека јас сум Македонец и дека зборувам македонски. Ние не можеме да молчиме пред фактите. Тоа што Красимир Каракачанов го прави кон Северна Македонија го носи кон политичка елиминација, бугарскиот народ сега има шанса да го казни на избори. Многу пропаганда има во настапите на преставниците на Бугарија, како што беше со здружението „Ванчо Михајлов“, како што беше заканата дека Каракачанов ќе испрател војска и уште многу други работи, кои на крајот ќе се покажат дека се дел од бугарската пропаганда кон нашата држава“