19.8 C
Скопје
30. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Правдата е тука: Пресудени 10 предмети на СЈО, за 15 има судски процеси, други 15 се пред обвинение

Ако се направи анализа на случаите од висок профил на СЈО и на Јавното обвинителство се заклучува дека од 2017 година, кога започнаа првите судења покренати од СЈО па досега изречени се пресуди од над 350 години ефективен затвор во високопрофилни случаи, иако некои од нив треба да ги потврди Апелацискиот суд.

И покрај чувството во јавноста за продолжување на климата на неказнивост, анализата покажува дека еден од симболите на режимот, Сашо Мијалков, освен што доби 12 години затвор за обвинението за прислушување, се соочува со затворски казни уште во четири предмети на СЈО – „Титаник 2“, „Трезор“, „Тортура“ и евентуално „Империја“, која сѐ уште е во фаза на истрага. Пребеганиот Никола Груевски веќе заработи две затворски казни од вкупно 3 години и 6 месеци, додека Гордана Јанкулоска има две изречени затворски пресуди од вкупно 8 години, а ја чека уште еден голем случај –„Титаник“. Против Груевски, пак, течат судења за уште пет предмети, а застаре само еден – „Траекторија“, пишува „Независен весник“.

Според порталот, од вкупно 40 процеси за висока корупција, вклучувајќи го и „Рекет“ со Катица Јанева, целосно се завршени седум, а потврди од Апелацискиот суд се чекаат за уште четири – „Таргет-Тврдина“, „Титаник 3“, „Транспортер“ и „Тарифа“. Завршија и процесите за случајот „Монструм“ и за учесниците во насилството на 27 април, но далеку од крајот е судењето за организаторите на упадот во парламентот, меѓу кои е обвинет и Трајко Вељаноски.

Во затвор или притвор од високите функционери и деловни луѓе, освен Мијалков и Јанкуловска, во моментов се Сеад Кочан, Ѓоко Поповски, Катица Јанева и осудените за 27 април, додека Владимир Талески чека потврда на казната од Апелација, а судењата за Владимир Пешевски, Елизабета Канческа-Милевска, Зоран Ставрески, Кирил Божиновски, Никола Тодоров, Антонио Милошоски, Силвана Бонева, Љупчо Димовски сѐ уште траат. Миле Јанакиески засега има едногодишна условна затворска казна за насилството во Центар, но го чекаат пресуди во шест други судски обвиненија.

За лошиот впечаток дека правдата се одолговлекува, покрај бегствата на некои од обвинетите, придонесе повторувањето на некои од судењата, при што фаворит е судењето за предметот „Тотал“ против Драган Павловиќ – Латас кое почна по третпат, а пет други случаи почнаа од почеток. Еден преглед на судските постапки кои се поврзани со предметите на СЈО кажуваат дека изминатите три-четири години сепак не биле само залудно потрошено време. Целосен преглед на сите предмети на СЈО во текстот на „Независен весник“.

Спонзорирано: