9.8 C
Скопје
6. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Нов напад на бунтовниците во Нигерија, убиени 36 лица

Во два одделни напади во сојузните држави Кадуна и Кацин во северна Нигерија загинаа 36 лица, пренесува „Ројтерс“ врз основа на изјави на официјални лица.

Агенцијата наведува дека серијата напади на вооружените бунтовници во оваа земја продолжила и вчера, а неколку лица биле ранети.

Напаѓачите палеле куќи и протерувале луѓе само еден ден по џихадистичкиот напад во североисточната држава Борно, кога најмалку 16 лица загинаа, а десетици беа повредени.

Минатата недела неидентификувани вооружени лица убија ученик во напад на интернат во нигериската североцентрална држава Нигер и киднапираа 42 лица, од кои 27 ученици.

Спонзорирано: