13.8 C
Скопје
25. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТТОП ВЕСТИ

Курц бара од ЕУ воведување европски пасош за вакцинација

Австрискиот канцелар Себастијан Курц бара од ЕУ воведување европски пасош за вакцинација и се заканува дека доколку не биде усвоен, Австрија ќе најде начин да воспостави слобода на движење и патувања.

Израел веќе има таков пасош и, како што рече, сакаат да гo воведат и некои други европски земји. Овој пасош треба повторно да овозможи нормален живот.

Во пресрет на денешниот Самит на ЕУ, Курц се стави на чело на оние кои ја поддржуваат идејата за воведување пасош за вакцинација.

„Ние сакаме да се вратиме во нормала и максимална слобода што е можно поскоро. Сè додека има пандемија и вирус, тоа е можно само ако имаме мерки за заштита, без разлика дали преку вакцинација или тестови”, истакна Курц во изјавата за новинарите.

Тој посочи дека поради тоа е потребен европски пасош за вакцинација, што ќе овозможи слободно патување, а со тоа и одмор.

Курц најави дека ќе преземе иницијатива на Самитот на ЕУ и додаде дека има многу сојузници, пред сè туристички земји како Грција, Кипар или Малта, но и балтичките држави, Шпанија, Хрватска и Словачка сакаат ваков сертификат за вакцинација. Од друга страна, Германија, Белгија и Холандија, како и Франција, не сакаат брзи одлуки во врска со тоа.

Сепак, Курц гледа шанса да постигне европски договор. Доколку тоа не се случи, Австрија, вели тој, самостојно ќе обезбеди слобода на движење и патувања.

Според него, со бројни билатерални договори, но само со оние земји што го сакаат тоа. Ќе ни треба пасош за вакцинација до летото, подвлекува Курц.

Спонзорирано: