22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Холандија го продолжи полицискиот час до 15 март

Холандската влада објави дека полицискиот час ќе биде продолжен до 15 март, како дел од борбата против коронавирусот.

Полицискиот час од 21 до 4:30 часот е во сила од 23 јануари, а требаше да трае до 2 март.

Полицискиот час воведен за првпат по Втората светска војна предизвика протести кон крајот на јануари, најголеми во Холандија во последните неколку децении, со уапсени повеќе од 400 лица. Сепак, владата сега објави олеснување на некои ограничувања, вклучително и повторно отворање фризерски салони.

Баровите, кафулињата и рестораните сè уште остануваат затворени, како и таканаречените ирелевантни продавници, но купувачите ќе можат да одат во нив барем по договор да купат нешто.

Најголемата холандска угостителска организација во понеделникот објави тужба против владата за да ја принуди повторно да ги отвори баровите и рестораните, кои се затворени од средината на октомври.

Спонзорирано: