19. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Два послаби земјотреси во Драч, жителите во паника

Два послаби земјотреси со јачина од 3,2 и 3,5 степени ја стресоа рано утрово областа околу Драч во Албанија, објавено е на веб-страницата на Евро-медитеранскиот сеизмолошки центар.

Првиот земјотрес со јачина од 3,2 степени е регистриран околу 4 часот наутро, додека вториот со јачина од 3,5 степени е регистриран половина час подоцна на длабочина од 15 метри, а епицентрите на двата земјотреса биле во морето, на околу 20 километри од Драч, соопштуваат службите во Албанија.

Според локалните медиуми, иако земјотресите не биле силни, тие ги вознемириле жителите.

Спонзорирано: