13.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото: press kit, sputnikvaccine.com
КОРОНАВИРУССВЕТ

Русија ќе обезбеди доволно вакцини за сите во Црна Гора

Вакцината „спутник В“, првите пет илјади дози, ќе пристигне во Црна Гора во втората половина на оваа недела, изјави член на црногорскиот преговарачки тим за набавка на вакцината од Русија, д-р Сергеј Бољевиќ.

Тој истакна дека вакцините вчера биле на аеродромот Шереметјево и тргнуваат за Црна Гора и дека остануваат да се завршат само некои административни работи.

„Вакцината тргна кон Црна Гора, вчера беше на аеродромот Шереметјево и ќе биде во Црна Гора до крајот на неделава. Има некои документи што мора да се почитуваат и првиот пат секогаш тоа трае малку подолго. Првата доза од 5.000 вакцини пристигнува, а подоцна и повеќе, бидејќи беше потпишан договор за 50.000. Очекуваме дека тоа ќе биде испочитувано за првиот квартал од оваа година“, рече Боjeевиќ.

Тој посочи дека секогаш се гледа дека втората доза пристигнува по 21 ден, за да не се загрози процесот на вакцинација, и тоа сигурно ќе биде така.

По првата доза, Црна Гора може да почне масовна вакцинација. Руската Федерација ќе обезбеди доволно вакцини за сите во Црна Гора и очекувам наскоро да биде на второ место по Србија, која почна со масовна вакцинација“, рече Бољевиќ.

Доколку има потреба, Руската Федерација, како што рече, е расположена да обезбеди повеќе вакцини, а во тек се преговори меѓу Владата на Црна Гора и Русија за набавка на уште 50.000 дози, пренесува РТЦГ.

Спонзорирано: