11.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Архива
СВЕТ

Индонезија: Поплави во Џакарта, евакуирани илјадници луѓе

Повеќе од 4.000 луѓе се евакуирани во предградието на Џакарта, главниот град на Индонезија, поради поплавување по пукањето на насипот на реката Цитарум, соопштија властите.

Округот Бекаси во индонезиската провинција Западна Јава е погоден од поплави поради обилните дождови.

Властите соопштија дека се урнати браните не само на реките туку и на каналите за наводнување, а спасувачите велат дека повеќе од 28.000 луѓе биле погодени од поплавите.

Илјадници куќи во областа погодена од поплавите се покриени со вода висока до 2,5 метри и немаат електрична енергија.

Сезонските дождови во последните денови предизвикаа десетици свлечишта и поплави во поголем дел од Индонезија, која опфаќа повеќе од 17.000 острови.

Спонзорирано: