14.8 C
Скопје
22. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Унгарија планира да воведе сертификат за лицата имуни на коронавирусот

Унгарија објави дека граѓаните што прележале Ковид-19 или биле вакцинирани ќе може да бидат ослободени од некои ограничувачки мерки.

Придобивките, кои ќе бидат познати повеќе по истражувањето почнато од унгарската влада, може да имаат форма на сертификати што ќе им бидат издадени на лица за кои се смета дека се заштитени од Ковид-19 и нема да бидат предмет на ограничувачките мерки што се во сила од ноември, вклучително и полицискиот час.

Премиерот Виктор Орбан, кој се подготвува за изборите в година, го користеше истражувањето за да го тестира јавното мислење за клучни прашања, како што се имиграцијата и поддршката на полициските одлуки.

Сè уште не е познато дали Унгарците, од кои многумина се против вакцинацијата, ќе се согласат да го поддржат олеснувањето за луѓето за кои се смета дека се имуни на коронавирусот.