Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

(Видео) Ѓорчев: Заев и Филипче се одговорни за 3.000 изгубени човечки животи од Ковид-19

Од ВМРО-ДПМНЕ оценуваат дека Македонија е најлоша на Балканот, во Европа и во светот кога станува збор за починати од Ковид-19.

„Се случува најголемото умирање во историјата на независна Македонија. За жал, со Зоран Заев и Венко Филипче, Македонија ја надмина бројката официјално од 3.000 мртви. Тоа не се само бројки, туку човечки судбини“, истакна Влатко Ѓорчев, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ.

„Ова е фијаско на државните институции, ова е катастрофа и дебакл. Одговорни се Зоран Заев, Венко Филипче и целата Влада“, вели Ѓорчев.

Според него, не е нормално во Македонија да има 3.000 починати од Ковид-19.

„Тоа е хуманитарна катастрофа, тоа е човечка катастрофа, тоа е трагедија што ни се случува пред очите. Но, истовремено тоа има и одговорност. Одговорноста се вика Зоран Заев и Венко Филипче“, порача Ѓорчев.

Можеби ќе ве интересира

Мециновиќ: Државата од криза во криза не учи, а граѓаните ја плаќаат цената

ДЕСК

Билатерални средби на претседателот Гаши на маргините на 152. Собрание на ИПУ во Истанбул

ДЕСК

Филков се сретна со граѓански организации за реформите во изборното законодавство

ДЕСК