22.8 C
Скопје
13. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Петмина загинати во верижен судир на 70 возила во Тексас

Најмалку пет лица загинаа денеска во верижен судир на повеќе од 70 возила, а десетици луѓе се повредени, на лизгав меѓудржавен пат во американската сојузна држава Тексас, соопштија локалните власти.

Противпожарната служба „Форт Ворт“ соопшти дека нејзините членови оделе од автомобил до автомобил, од кои некои биле разбиени и им давале помош на повредените, објави „Ен-би-си Далас-Форт Ворт“.

Портпаролот на локалната болница за Ен-би-си изјавил дека, по инцидентот, хоспитализирани биле 36 лица.