24.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАСВЕТ

Курц: Би ги примил руската или кинеската вакцина

Австрискиот канцелар Себастијан Курц смета дека Европската агенција за лекови (ЕМА) требало да ги провери руската и кинеската вакцина и навел дека е подготвен со нив да се вакцинира.

Курц за германскиот „Велт ам Зонтаг“ истакнал дека откако двете вакцини ќе добијат одобрување сигурно ќе се обиде да ги стави на располагање капацитетите за происводство на руската и кинеската вакцина во Австрија.

„Се работи за тоа шо побрзо да се располага со што повеќе безбедни вакцини, независно од тоа кој ги развил“, објанил Курц.

Истакнал дека околу тоа прашање не смее да постои никакво геополитичко табу.

Канцеларот рекол дека ако тие вакцини добијат одобрување, дека е подготвен и тој да се вакцинира.

„Кај вакцината е најважно да делува, да е безбедна и брзо расположлива, а не да треба да се работи со гополитички борби“, подвлекол Курц.

Спонзорирано: