17.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Германија од коронавирус починале уште 855 луѓе

Бројот на смртни случаи во Германија од Ковид-19 денеска надмина 60.000, бидејќи изминатите 24 часса биле регистрирани нови 855 починати.

Досега во Германија од коронавирус починале 60.597 луѓе, што е помалку отколку во Велика Британија, Италија, Франција, Русија и Шпанија.

Германската канцеларка Ангела Меркел и претставниците на локалните власти во среда треба да ја разгледаат можноста за ублажување на рестриктивните мерки, воведени поради пандемијата.

Денеска се регистрирани речиси 13.000 нови случаи на вирус, во споредба со повеќе од 14.000 минатиот петок.

Спонзорирано: