15.8 C
Скопје
29. март 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МЕТЕОCENTARТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Од понеделник поројни дождови, засилен ветер и грмежи – Метеоцентар со детали за големата промена на времето

Во деновите од викендот ќе се задржи стабилно време, во утринските часови со појава на магла и ниска облачност по одделни котлини.

Во недела ќе има зголемување на облачноста и ќе почне да дува умерен до засилен јужен ветер, а кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Под влијание на влажен бран во понеделник ќе преовладува облачно време со врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со засилен јужен ветер и појава на грмежи. Врнежи од дожд ќе има и во вторник попладне. Дневните температури до среда ќе бидат над просекот за овој период од годината.

Прогноза за 07.02.2021
Минимална температура: -1°C до 6°C
Максимална температура: 13°C до 19°C
Умерено до значително облачно. Претпладне по одделни котлини ќе има услови за појава на магла. Ќе дува умерен, а попладне особено вдолж Повардарието повремено засилен ветер од јужен правец. Кон крајот на денот во западните делови ќе има врнежи од дожд.

Прогноза за 08.02.2021
Минимална температура: 4°C до 10°C
Максимална температура: 10°C до 16°C
Претежно облачно со повремени врнежи од дожд, кои на места ќе бидат поројни и проследени со засилување на ветерот и појава на грмежи. Ќе дува умерен до засилен ветер од јужен правец.

Прогноза за 09.02.2021
Минимална температура: 0°C до 6°C
Максимална температура: 10°C до 17°C
Променливо облачно, попладне со повремени врнежи од дожд. Ќе дува умерен, на места засилен ветер од јужен правец.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Сончево и посвежо време, температурата од 14 до 22 степени

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

До петок стабилно време, од недела заладување

M T

Променливо време со силен ветер, дожд и град

M T

Сончево време со температури до 32 степени

M T

Претпладне сончево време, попладне со можност за пороен дожд

M T