Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

Силниот југозападен ветер предизвикал проблеми на неколку важни сообраќајници во Македонија. Според вечерното известување на Автомото сојузот на Македонија од 19 ноември, на патниот правец Гостивар – Стража – Кичево, кај клучката Гостивар, биле соборени семафор и канделабра.

Екипите на ЈП „Македонијапат“ ги отстраниле паднатите елементи од коловозот. На истиот патен правец биле регистрирани и паднати дрвја, кои исто така биле отстранети од дежурните служби.

Проблеми од силниот ветер биле пријавени и на правецот Скопје – Тетово, во близина на Карпалак. Возачите кои ќе патуваат во текот на ноќта и во петок треба да бидат внимателни поради можноста од нови паднати гранки, дрвја и други предмети на коловозот.

Можеби ќе ве интересира

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

ДЕСК

„ОВА ЌЕ БИДЕ ТЕШКА ЗИМА И ЗА МАКЕДОНИЈА“ – Мицкоски со предупредување од Берлин по средбата со европските лидери

ДЕСК

МИЦКОСКИ НА СОСТАНОК СО ГЕРМАНСКИОТ КАНЦЕЛАР МЕРЦ – Македонија ја потврди поддршката за праведен и траен мир во Украина

ДЕСК