Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

ЗИМСКАТА ОПРЕМА Е ЗАДОЛЖИТЕЛНА – Правилото важи и кога времето е топло

Возачите во Македонија веќе имаат законска обврска да поседуваат соодветна зимска опрема во своите возила. Обврската започна на 15 ноември 2026 година и ќе трае до 15 март 2027 година, потсетува Автомото сојузот на Македонија.

Поседувањето зимска опрема е задолжително независно од тоа дали во моментот има снег, мраз или релативно високи температури. Тоа е особено важно во период на променливи временски услови, кога температурата и состојбата на коловозот можат значително да се разликуваат меѓу котлините и планинските премини.

АМСМ дополнително препорачува внимателно возење на патиштата низ клисури и речни долини, каде што постои ризик од одрони. Возачите треба да ја приспособат брзината според видливоста, ветерот и состојбата на коловозот.

Можеби ќе ве интересира

СИЛЕН ВЕТЕР НАД 80 КМ/Ч И ДОЖД ВО МАКЕДОНИЈА – УХМР со предупредување

ДЕСК

СИЛНИОТ ВЕТЕР СОЗДАЛ ПРОБЛЕМИ НА ПАТИШТАТА – Паднати дрвја и оштетена инфраструктура на важни правци

ДЕСК

Претседателката Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од новоименуваната амбасадорка на Република Естонија, Јана Ванамолдер

ДЕСК