23.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото bolnica.org.mk / Официјален веб сајт на Градска болница 8-ми септември
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Вкупно 254 ковид-пациенти во болниците во Скопје, 12 примени во последните 24 часа

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се хоспитализрани 12 нови пациенти поради компликации од коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

Од таму додаваат дека вкупно 254 лица сомнителни и потврдени за Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во главниот град.

„Во последното деноноќие, на интерните клиники имало 5 приеми. Во ковид-центарот во ГОБ 8 Септември имало 7 нови приеми на пациенти. Во моментов на Кожната клиника во ковид-центарот се лекуваат 16 пациенти, на Клиниката за неврологија 17 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 20 пациенти со симтоми на вирусот, во ковид-центарот на Клиниката за нефрологија во моментов се сместени 14 пациенти. На Клиниката за гастроентерохепатологија лежат 9 пациенти. Во ГОБ 8 Септември има вкупно 79 болни, а на Клиниката за инфективни болести лежи 81 пациент, додека во Иститутот за белодробни заболувања кај деца Козле има 17 пациенти“, информираат од ресорното министерство од каде додаваат дека во изминатите 24 часа дома се пуштени 19 оздравени пациенти.

Од вкупно 254 пациенти кои се лекуваат во болниците во главниот град, голем дел се на кислородна поддршка.

Бројот на приеми во изминативе денови е стабилен и утрово до 8 часот имало 130 слободни места, а се очекува во текот на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места.