8.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
Uncategorized

Американската амбасада го поздрави донесувањето на Законот за попис

Амбасадорка на Соединетите Американски Државни во Северна Македонија Кејт Мари Брнз, во интервју за Гласот на Америка, го поддржа конечното носење на Законот за попис во Собранието. Смета дека тоа е важен чекор напред, бидејќи во земјава населението и имотот не се потпишал речиси 20 години, а оваа статистичка операција е клучна за креирањето на идните развојни политики.

-Пред сè, многу сум среќна што Законот за попис помина во Парламентот. Уште повеќе што помина со поддршка на два опозициски партнери, и владината коалиција. Ова е важен чекор. Северна Македонија немала попис речиси 20 години, а тоа се одрази врз процесот на водење на политиките, бидејќи точните податоци за населението се важен дел во планирање на иднината. Очекуваме дека Владата ќе осигури пописот да го направат професионалци, што ќе обезбеди информации кои ќе ѝ помогнат на државата во однос на иднината, изјави Брнз за Гласот на Америка.

Според Законот, пописот во Северна Македонија ќе се спроведе од први до 21 април. Од Државниот завод за статистика веќе кажаа дека ќе се користи комбинираниот модел, односно теренско попишување, комбинирано со податоци од државните институции. Најавено е дека набрзо ќе се објави и методологијата, која за првпат ќе излезе и во Службен весник. Оваа статистичка операција за прв пат ќе ја направат само статистичарите, односно предвидено е да биде комплетно професионална статистичка операција.
Инаку, од независноста на земјата до сега се спроведени два целосни пописи, еден делумен во 1991, а обидот за пребројување на населението кое го организираше владата на ВМРО-ДПМНЕ во 2011година пропадна.