8.8 C
Скопје
5. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Меркел: Mи се крши срцето кога ќе помислам колку многу луѓе умреа во самотија

Германската канцеларка Ангела Меркел изјави дека е силно емотивно погодена од големиот број смртни случаи во домовите за стари лица, за време на пандемијата од коронавирусот.

„Срцето ми се крши кога ќе видам колку луѓе… починаа таму во самотија“, изјави Меркел пред новинарите во Берлин. „Емотивно гледно, мене тоа ми падна многу тешко“, призна таа.

Бројот на смртни случаи во пандемијата во Германија е зголемен за три пати од почетокот на декември, искачувајќи се на речиси 50.000 смртни случаи, поврзани со инфекција од коронавирус.

Вториот бран на пандемијата од Ковид-19 особено ги погоди домовите за стари лица.

Канцеларката исто така ја бранеше одлуката на Германија да се приклучи на заедничката иницијатива за набавка на вакцини во Европската Унија и ги отфрли тврдењата дека нејзината земја не обезбедила доволно вакцини за свои потреби.

Меркел им изјави на новинарите дека би било навистина многу ужасно доколку Германија почнела со вакцинирање додека другите, економски послаби земји, само стојат отстрана и чекаат.

Спонзорирано: