14.8 C
Скопје
26. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Маричиќ: Курирот што не доставил 1 500 налози и направил штета од 20 милиони денари морал да има поддршка

„Според планот на Владата за реформи во судството важно е да се испитаат сите реалции на еден судија, на еден обвинител, и се согласувам дека треба да се види улогата на администрацијата, на стручните служби. Коруптивното однесување е најчесто организирано, па затоа има вмешани и вработени од администрацијата. Најверојатно за одредена мала парична награда службеник не вршел достава на платни налози, но не верувам дека службеникот може сам ова да го прави, обично е тоа заеднички потфат, и затоа мора да се реформираме:“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Стадион“ на Канал 77, како реакција на изјавата на обвинителката Вилма Русковска која во истата емисијата откри случај со недоставување на платни налози.

„ Пред некој ден од Судски совет добив известување дека починал некој курир и кај него во фиока откриени се преку 1 500 платни налози, за прекршоци, за мандатни казни… и со тоа за 20 милиони денари е оштетен буџетот, и тоа зборувам за еден вработен само, кој знае колку има други вакви слуачи. Затоа сметам дека треба да има дополнување на одредени закони, на Законот за кривична постапка, на Кривичен законик , Законот за управните судови, мора некои работи да претрпат измени за да бидеме поефикасни, без разлика за кој суд станува збор.“- изјави обвинителката Вилма Русковска, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.