Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Никој немал поголема решителност за независно судство од оваа Влада

„Прв пат имаме ваков процес за прочистување на судството, имаме голема политичка волја и решителност да изградиме независно судство. Ние имаме два процеса, или Ветинг како во Албанија, целиот систем да се распушти и да се направи поединечна проверка на сите, со проверка на имотот. Таму, откако ги разрешија сите ги прашаа- или докажете потекло на имот или дајте оставка и многумина дадоа оставка. Овој модел не го поддржува ЕУ. Ова што сега ние го правиме е сериозен обид да изградиме еден функционален систем, да има јавен притисок кон судството за да се извадат лошите работи на површина и да се надминат за да не се повторат. Ако не успееме во тоа, тоа нема да е неуспех на поединци, туку целосен неуспех на државата. Но, еве, ќе го прифатам и тоа дека ако успееме во реформите тоа нека биде успех на државата, ако не успееме, еве нека биде само мој неуспех.“- изјави министерот за правда, Бојан Маричиќ, во емисијата „Стадион“ на Канал 77.

Можеби ќе ве интересира

ТРИ ДЕЦА ОДЗЕЛЕ АВТОМОБИЛ ОД АВТОПЛАЦ ВО ДЕБАР – „Форд фиеста“ бил оставен отклучен, со клуч на бравата

ДЕСК

СООБРАЌАЈКА ВО КИЧЕВО – 19-годишник возел со 1,68 промили алкохол во крвта, полицијата го приведе

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО СТРУГА – Агресивно се однесувал кон 37-годишна жена, па ѝ го оштетил автомобилот

ДЕСК