10.8 C
Скопје
4. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Две бомби пронајдени во официјални државни простории во Вашингтон

Приврзаниците на Доналд Трамп денеска се судрија со безбедносните сили и упаднаа во зградата на Конгресот за време на седницата на која и официјално требаше да се потврди победата на Џо Бајден. Притоа, потпретседателот Мајк Пенс беше однесен на безбедно место од страна на полицијата.

Демонстрантите ги пробија полициските блокади и упаднаа во Капитол. Пред евакуацијата, полицијата им порачала на пратениците и на новинарите да се опремат со гас-маски.

Најдени се најмалку две експлозивни направи – едната во зградата каде се наоѓаат канцелариите на Националниот комитет на Републиканците, а другата во комплексот на американскиот Капитол. Полицијата соопшти дека уредите се деактивирани. Една жена е во критична состојба откако во Капитол била застрелана во гради, пренесува Си-ен-ен.

Сè уште не е познато кога ќе продолжи седницата на Конгресот на која Бајден ќе биде прогласен за победник.

„Капитол се расчистува. Кога ќе биде безбедно, ќе се вратиме за да ги завршиме нашите уставни одговорности. Ова се Соединетите американски држави. Нема да дозволиме дивеење на толпа да го наруши владеењето на правото“, изјави пред новинарите републиканскиот пратеник Хаким Џефрис.

Поранешниот државен обвинител Вилијам Бар изјави дека насилството во зградата на Капитол е нечуено и дека федералните агенции треба да го прекинат што е можно поскоро. Бар даде оставка на 23 декември минатата година.

Потпретседателот на САД, Мајк Пенс, ги повика демонстрантите да ги запрат немирите и да го почитуваат законот.

Ситуацијата ја коментираше и британскиот премиер Борис Џонсон кој се огласи на „Твитер“ и напиша дека сцените од Вашингтон се срамни.

Спонзорирано: