23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото илустрација/pixabay
СВЕТ

Градоначалникот на Петриња ќе ѝ ја врати помошта од четири милиони евра на државата

Градоначалникот на Петриња, Даринко Думбовиќ, најави дека ќе ѝ ја врати помошта од 30 милиони куни или околу четири милиони евра на државата, пишува „Јутарњи лист“.

„Преспав и одлучив. Нема да ги земам 30 милиони куни што жупанот Иво Шиниќ, од вкупно 100 милиони за областите погодени од земјотресот, ги додели на Петриња. Ако владата сака да им помогне на луѓето од Петриња, нека ни испратат помош директно, врз основа на експертска проценка“, изјави градоначалникот на Петриња, кој смета дека распределбата на помошта била според политичката припадност, а не според материјалната штета.

„Во градот нема ниту една институција што е цела. Останавме без струја, вода, се тресе постојано, паѓаат цигли. Она што најмногу се плашам е да не биде повредено уште едно лице. Ни требаа дваесет години да го обновиме градот, и сега треба да срушиме две училишта, катастарот, судот, поранешната пошта, целиот центар … “, рече Думбовиќ.

Тој вели дека им се дистрибуира помош и на оние на кои им е потребна и на оние на кои не им е потребна.

„Петриња има 24.000 жители, а Глина не повеќе од 2.000, а 9.000 со околните села. Ако од 100 милиони куни дадете 30 милиони на Петриња и 25 милиони на Глина, тогаш треба некој да ми објасни според кој критериум се поделени средствата ако не е политички“, рече градоначалникот.