18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
КОРОНАВИРУССВЕТИЗБОР

Тестирање на милиони жители во кинески град поради седум нови случаи на коронавирус

Властите во пристанишниот град Даљен, во североисточна Кина, тестираат милиони жители, бидејќи во последните 24 часа се пријавени седум случаи на коронавирус.

Како што јавува АП утрово, во новото жариште на епидемијата во последните денови се евидентирани вкупно 12 случаи на инфекција. Властите ги затворија училиштата и јавните објекти и им е дозволено да се движат само потребните категории вработени.

Пекинг исто така е во состојба на готовност бидејќи во четвртокот се пријавени два асимптоматски случаи, покрај два потврдени случаи од минатата недела.