18.8 C
Скопје
20. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: ВМРО ДПМНЕ е банда без команда, блокира се’ што е во интерес на граѓаните

„Постои една пракса во парламентот да се опструира се што може од страна на ВМРО ДПМНЕ, но и на Левица. Го носевме Законот за инвалидни организации, односно тој закон треба да се усогласи со Законот за прекршоци. Според тој закон ќе се воведе принципот прво да има опомена, а после казна, и тоа намалени казни. Значи законот беше изгласан и потоа требаше да одиме на усогласување. Не знам што им згрешиле организациите на лицата со попреченост на опозициските партии, имаше 30 опозициски пратеници пријавени за дебата, имаа два говора напишани од партија и истото го зборуваа, го вртеа како грамофонска плоча. Во целата таа мешаница тие бараа да се свика точка на дневен ред за да се реши случајот на Макпетрол со ГАМА.“- изјави пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во интервјуто на „Утрински брифинг“.

Според него не постои никаков обид на мнозинството пратеници за некаков шверц на кој било закон, напротив, смета дека власта постојано отвора дебата за сие важни прашања.

„Каков е тој оид за шверц на закон кога ние отвораме дебата и сите пратеници може да дебатираат. Но, ВМРО ДПМНЕ се една банда без команда, нив нема кој да ги координира. Од една стрна го имате Мицкоски кој е надвор од парламентот, од друга страна е Милошоски, потоа од трета го имаме Сајкоски, а на крај и Јанушев кој е разрешен од позицијата генерален секретар во ВМРО ДПМНЕ. Пред секоја седница Џафери ги свикува сите координатори и се договара дневниот ред. Но, нивното деструктивно однесување не е само од вчера, тие имаат низа блокади на закони, како тој за внатрешни работи, за здравствена заштита, за работни односи… Се сеќавате дека тие го блокираа носењето на Деловникот за работа на Собранието со кој се предвидуваше оние пратеници кои се заразени со вирусот да може да учевствуваат во работата од дома, онлајн поврзани. Еве ние ја имаме Британија, која после 700 години традиција, ги користи придобивкие на интернетот, само ќе потсетам дека Северна Македонија стана членка на НАТО преку онлајн седница на Алијансата, и сега тоа им пречи на ВМРО ДПМНЕ“- критикуваше Костадинов.