17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Костадинов: Нервозни се, поразени, пратеници на ВМРО ДПМНЕ се закануваат дека ние сме биле на ред за ќотек

„Вреди да се спомене и ова од синоќешната седница во парламентот, вчера беше 24 декември, ден познат по насилното однесување на ВМРО ДПМНЕ, и при навредите на опозицијата кон нас, а тоа не може да го фатат камерите и новинарите, јас им велам на опозициските пратеници немојте да ги будиме духовите од 2012 година, а пратеник на ВМРО ДПМНЕ ми довикна дека сега ние сме дошле на ред. Со таквата реторика, со таквите постапки во афект, како што беше нивниот афект на 24 декември, а потоа и на 27 април, сакам да верувам дека институциите се подготвени да спречат таква нова појава, но јас не знам на што се е подготвена ВМРО ДПМНЕ.“- пренесе дел од заканите на пратениците на ВМРО ДПМНЕ, пратеникот на СДСМ, Костадин Костадинов, во интервјуто на „Утрински брифинг“.

Тој потенцираше дека владејачкото мнозинство во парламентот прави се за да создаде услови за реформи во правосудството, но дека деструктивното однесување на опозицијата не го дозволува тоа.

„Како човек ме лути што нема правда, како пратеници правиме се што е во домен на нашата работа, правиме се да создадеме услови судиите слободно да одлучуваат. Наша обврска се реформите во правосудството. Знаете дека започнува процесот на прочистување на судството и потоа следуваат сериозни реформи. И јас сум дел од граѓаните кои бараат правда и ги менуваме работите, но нема да прејудицирам одлука и постапка на судските органи, тоа би било мешање во работата на судството.“- заклучи Костадинов.