22.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay/илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

Швајцарија почна со вакцинирање против коронавирусот

Во Швајцарија почна вакцинацијата против Ковид-19, четири дена пред закажаниот почеток на имунизацијата во Европската Унија.

Првата личност во Швајцарија, која прими вакцина против Ковид-19, е 90-годишна жена во дом за стари лица во близина на Луцерн, пренесува „Ројтерс“.

Според швајцарската стратегија за имунизација, првин ќе се вакцинираат старите лица и пациентите со хронични заболувања, а потоа следуваат здравствените работници и оние што живеат во домаќинство со ранливи лица.

Швајцарија, која не е членка на ЕУ, во саботата ја одобри вакцината изработена од германската компанија „Бионтек“ и нејзиниот американски партнер „Фајзер“.

Првите 110.000 дози во Швајцарија пристигнаа вчера.