Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Борисов до Заев: Секогаш сме подготвени да им помогнеме на најблиските соседи и пријатели

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов, му возврати на премиерот Зоран Заев, кој вчера на „Фејсбук“ се заблагодари за најавената донација на вакцини против Ковид-19 повторувајќи дека тие секогаш се тука да им помогнат на соседите и пријателите.

„Ние секогаш сме подготвени да им помогнеме на нашите најблиски соседи и пријатели. Ова му го кажав на премиерот Зоран Заев, кој ни се заблагодари за подготвеноста да им помогнеме во обезбедувањето вакцина против Ковид-19. Ситуацијата е навистина тешка и треба да се поддржуваме и да сме солидарни едни кон други. Секој живот е важен и ќе вложиме максимални напори да го зачуваме“, напиша Борисов на „Фејсбук“.

Притоа тој ја сподели објавата на Заев, во која ѝ се заблагодарува на Бугарија.

Бугарската влада на седница, на која присуствуваше и министерот за здравство, Венко Филипче, одлучи дел од секоја пратка на вакцините што ги купила од производителите да го донира за Северна Македонија.

Можеби ќе ве интересира

Мицкоски: Имаме двојно поголем буџет за науката и поддршка за нашите научници, споредбено со 2024-та година

ДЕСК

Царинска управа со историска најголема заплена на девизи од половина милион евра (фото)

ДЕСК

Мицкоски: Започна доградбата на ООУ „Јоаким Крчовски“ во Ѓорче Петров

ДЕСК