10.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Австриски научници: Антителата траат девет месеци по инфекцијата со коронавирус

Австриските научници докажаа дека заболените од коронавирус во некои случаи сепак имаат антитела девет месеци по инфекцијата.

„Студијата Вахау“, при што беа повторно прегледани 152 претходно заразени лица, откри дека 84 проценти од оние кои се заразиле во март, сè уште имаат антитела IgG.

Научниот директор на „Danube Private University Krems“, Роберт Вагнер, истакна дека другите 16% претежно имаат друг вид имунитет.

Врз основа на неговото истражување, тој ги повика граѓаните да се вакцинираат.