17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Високи бројки: Починаа 22 лица, најмладите имаа 43 и 44 години

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 591 тестирања, а регистрирани се 129 нови случаи на ковид-19 во: Скопје-63, Куманово-4, Штип-4, Прилеп-14, Тетово-7, Велес-4, Битола-1, Охрид-2, Кавадарци-12, Гостивар-2, Гевгелија-4, Струмица-1, Крива Паланка-1, Радовиш-1, Кочани-1, Пехчево-1, Берово-1, Виница-1, Делчево-1, Кичево-3, Неготино-1.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 1122 оздравени пациенти од: Скопје-275, Куманово-29, Дебар-35, Штип-25, Прилеп-67, Тетово-34, Струга-3, Велес-51, Битола-89, Охрид-8, Кавадарци-84, Гостивар-43, Гевгелија-20, Струмица-15, Крива Паланка-14, Радовиш-7, Крушево-2, Кочани-17, Пробиштип-13, Демир Хисар-5, Пехчево-7, Берово-21, Валандово-3, Виница-41, Делчево- 79, Свети Николе-11, Кичево-62, Ресен-24 и Неготино-38.

илустрација

Починати се 22 лица, три пациенти од Скопје (44, 61 и 67г.), еден од Куманово (88г.), еден од Дебар (43г.), од Штип (64г.), пријавени се девет пациенти од Прилеп од кои тројца се починати во изминатото деноноќие (85, 81, 87, 87, 70, 96, 69, 79 и 68г.), двајца од Струга (86 и 78г.), еден пациент од Велес (75г.), од Битола (58г.), од Гевгелија (72г.), од ПЕ Делчево/ Македонска Каменица (86г.) и еден пациент од Кичево (69г.). Пациентите се починати во болнички услови.

фото bolnica.org.mk / Официјален веб сајт на Градска болница 8-ми септември

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 78434, бројката на оздравени пациенти е 55155, на починати е 2314, а бројот на активни случаи изнесува 20965.