18.8 C
Скопје
11. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Кина советува авионските екипажи да носат пелени за да се спречи ширењето на Ковид-19

Кинеската агенција за воздушен сообраќај ги советува авионските екипажи да носат пелени за да избегнат одење во тоалет, а со цел да се намали ризикот од ширење на Ковид-19, пренесува Би-би-си.

Носењето пелени се препорачува во новите упатства за авиокомпаниите.

Регулаторот вели дека ова се однесува на чартер-летови до дестинации каде што ризикот од инфекција е голем.

Авиокомпаниите во светот ги менуваат правилата за да ги привлечат луѓето повторно да патуваат.

Кинеската агенција издаде нови упатства на 49 страници за спречување на ширењето на пандемијата на коронавирусот.

Делот за пелените се однесува на чартер-летови до дестинации шот имаат повеќе од 500 заразени на милион жители.

На стјуардесите и на стјуардите исто така им се препорачува да носат маски, ракавици, капи, заштитна облека и заштита на обувките.

Истото ова, освен пелени, им се препорачува и на пилотите, додава Би-би-си.