5.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Кривичниот суд: Недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во „Монструм“

Кривичниот суд информира дека на денешната главна расправа за предметот „Монструм“ судот се соочил со недолично и недозволено однесување на дел од бранителите во постапката, кое, како што се наведува во соопштението, единствено оди на штета на обвинетите и оштетените во предметот.

„Имено, кога до судот беше доставено решение со кое е утврдено дека бранителот Асмир Алиспахиќ е позитивен на Ковид-19, а на сите расправи насоречни во претходните 40 дена беше отсутен од други причини, судот му предложи на адвокатот Насер Рауфи, кој нема спротивставена одбрана со другите бранители, да го замени отсутниот колега адвокат. Но, тоа беше одбиено. Дополнително беше предложено, доколку расправата се одложи, на следната расправа судењето формално да почне од почеток заради проток од 60 дена, само со читање на досега изведените докази, но и тој предлог наиде на несогласување и адвокатите без дозвола од судот и какво било оправдување ја напуштија судницата“, велат од судот.

Заради целисходност на постапката, доследно почтиување на начелото за судење во разумен рок, заштита на правата на оштетните и на обвинетите на кои им е определна мерка притвор и други мерки за обезбедување присуство, но, пред сè, заради сензибилноста и комплексноста на предметот и барањето правда, се наведува во соопштението, судот донесе решенија со кои на сите обвинети за денешната расправа им се опредлуваат бранители по службена должност, со цел судењето да продолжи без непотребни одолжувања.

Судењето продолжи само со читање еден материјален доказ – известување за изработен вешт наод и мислење, а расправата ќе продолжи на 24 декември.

„Во услови на пандемија судот ги прави сите напори за континуитет на конкретниот судски процес и редовно и транспаретно известување на јавноста, а за денешното однесување на адвокатите судот донесе решенија со кое ги казнува во согласност со член 75 ст. 1 од ЗКП и за тоа ќе ја извести и Адвокатската комора на РСМ“, се наведува во соопштението.

Спонзорирано: