25.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото official fan page of Boris Johnson/ www.facebook.com/borisjohnson/
СВЕТ

Џонсон вели дека ЕУ инсистира на барања што се неприфатливи

Британскиот премиер Борис Џонсон рече дека ниту еден британски лидер не може да прифати барања на кои Европската Унија во моментов инсистира, додавајќи дека земјата ќе напредува дури и без трговски договор со Унијата.

„Нашите пријатели во Европската Унија во моментов инсистираат на тоа дека ако тие усвојат нов закон во иднина што ние во оваа земја нема да го почитуваме … тогаш тие сакаат автоматско право … да нè казнат и да ни возвратат“, рече Џонсон во британскиот парламент.

„И второ, тие велат дека Обединетото Кралство треба да биде единствената земја во светот што нема суверена контрола над своите риболовни води. Не верувам дека ова се услови што кој и да било премиер на оваа земја треба да ги прифати.“

Џонсон ќе се состане во текот на денот во Брисел со претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лаен, пред самитот на ЕУ в четврток и петок.

Спонзорирано: