10.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУССВЕТ

„Модерна“: Околу 100 милиони вакцини против корона ќе бидат достапни на почетокот на годината

Американската фармацевтска компанија „Модерна“ објави дека очекува да може да испорача меѓу 100 и 125 милиони дози на експерименталната вакцина против коронавирусот во првиот квартал на 2021 година.

Компанијата во четвртокот рече дека 85 до 100 милиони од овие дози ќе бидат достапни во САД, а од 15 до 25 милиони во странство.

Модерна планира да произведе до милијарда дози вакцини за светот во 2021 година.