14.8 C
Скопје
8. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Австријците постари од 65 години ќе добијат бесплатни заштитни маски

Во Австрија лицата постари од 65 години ќе добијат десет бесплатни заштитни маски ФФП2 од државата со цел да се заштитат од коронавирус.

Министерството за здравство ќе добие одобрение, според барањето на владата, во кое АПА имаше увид, да ги направи овие маски достапни за постарата популација.

Трошоците за оваа акција, која треба да биде одобрена од австрискиот парламент, се проценува на 24 милиони евра.

Целта е да ѝ се овозможи на постарата популација, која е ризична група, полесен пристап до ефикасни маски.