12.8 C
Скопје
14. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
СВЕТ

Трамп не се откажува: Не се борам за себе, туку за тие што гласаа за мене

Американскиот претседател, Доналд Трамп, објави на „Твитер“ дека не се бори за себе, туку за 74 милиони луѓе што гласале за него.

„Не се борам за себе, се борам за 74 милиони луѓе (не вклучувајќи ги многуте гласови за Трамп што се фрлени), кои гласаа за мене“, напиша Трамп.

Тој од гувернерот на Џорџија побара итна реакција во врска со проверката на гласачките листи во таа сојузна држава наведувајќи дека тој може лесно да го стори тоа.

„Зошто Брајан Кемп, гувернерот на Џорџија, не ги искористи своите овластувања што ги има за итни ситуации, што лесно може да го стори, да го надвладее својот тврдоглав државен секретар и да ги провери потписите на писмата. Тоа би бил златен рудник на измами и лесно би ја освоиле државата“, пишува Трамп.

Тој истакнува дека би требало бргу да се провери бројот на писма и бројот на гласачки листи.