7.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Оксфордската вакцина против коронавирусот е 70 проценти ефикасна

Тестовите покажаа дека вакцината за коронавирус развиена од Универзитетот во Оксфорд е 70 проценти ефикасна во спречување на заразата, пренесува Би-Би-си.

Би-би-си пишува дека тоа е и победа и разочарување имајќи предвид дека вакцините на компаниите „Фајзер“ и „Модерна“ се 95 проценти ефикасни.

Сепак, според Би-би-си, во споредба со двете погоре, вакцината од Оксфорд е многу поевтина и полесна за складирање и доставување до кој било дел од светот.

Истражувачите од Оксфорд ја развиваат вакцината околу 10 месеци, а британската влада порача 100 милиони дози, што ќе биде доволно за вакцинирање 50 милиони луѓе.

Во тестирањето беа вклучени 20.000 волонтери од Велика Британија и Бразил.

Вакцината мора да биде одобрена од регулаторните тела пред испораката, а се очекува тоа да се случи во наредните недели, пишува Би-би-си.