21.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
илустрација
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Во ковид-центрите во државата има 60-ина празни болнички кревети

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во болниците во земјата е пријавено дека се лекуваат вкупно 820 пациенти позитивни и суспектни на коронавирусот, информираат од Министерството за здравство.

„По извештаите на болниците што пристигнуваат на дневна основа, во болницата во Битола се хоспитализирани 71 пациент позитивен и суспектен на Ковид-19. Во болницата во Штип се хоспитализирани 59 пациенти. На инфективното одделение во Тетово има 37 пациенти, во Велес се лекуваат 69 болни, а во Куманово – 100 пациенти позитивни и суспектни на Ковид-19. Во ковид-центарот во Охрид има хоспитализирано 104 пациенти, во Прилеп – 116, во ковид-центарот во Гостивар – 47, а во Струга – 27 болни. Во болницата во Струмица лежат 93 пацинети, во Кочани – 30, во Кичево – 21, Кавадарци – 38, а во Гевгелија – 8 лица позитивни на коронавирусот“, се наведува во соопштението во кое се додава дека бројките се менуваат од час на час според направените приеми и исписи на пациенти.

Вкупната бројка на пациети позитивни и суспектни на коронавирусот што се лекуваат на инфективните оддели во главниот град и во болниците во земјата е 1.258 и има уште 60-ина празни болнички кревети во ковид-центрите.

Сите одделенија на клиничките болници располагаат со болнички места до кои има довод на кислород.

„И покрај големиот наплив на пациенти во изминатите десетина дена, Министерството за здравство е во постојан контакт со сите болници и доколку има потреба, капацитетите на ковид-одделенијата ќе бидат дополнително проширени“, се нагласува во соопштението.