21.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Кинезите масовно се вакцинираат иако вакцините сè уште не се формално безбедни или ефикасни

Иако кинеските кандидати за вакцина формално не се покажале безбедни или ефикасни, официјалните лица веќе ги инјектираат на илјадници луѓе во целата земја, наводно во согласност со политиката за итни случаи.

Кина ги направи широко достапни своите недокажани кандидати за вакцина против коронавирусот за да ја покаже нивната безбедност и ефикасност во земја што долго време беше скептична кон вакцините по низата скандали со квалитетот, пишува „Њујорк тајмс“.

Владини претставници и високи извршни директори во фармацевтската индустрија со гордост велат дека биле вакцинирани.

Кампањата, по сè изгледа, е премногу успешна. Само во градот Јиву се потрошени повеќе од 500 дози во рок од неколку часа. Другите градови ги ограничуваат дозите или бараат од луѓето да покажат доказ дека патуваат некаде, па затоа им е итно потребна вакцина. Големата побарувачка ги натерала шверцерите, кои вообичаено продаваат најнови „ајфони“ или барани билети за патувања, на луѓето да им продаваат закажани термини за вакцина за дури 1.500 американски долари.