25.8 C
Скопје
18. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Во Србија повеќе од 6.000 новозаразени, рекорден број починати

Според последните податоци, во Србија се потврдени 6.109 нови случаи на инфекција со коронавирус, а 29 лица починале.

Во последните 24 часа биле тестирани 18.980 лица, а вкупно 1.573.980 од почетокот на епидемијата.

Во моментот хоспитализирани се 5.589 лица, а на апарати за дишење приклучени се 186 пациенти.

Од почетокот на епидемијата регистрирани се 104.097 случаи, а стапката на смртност во Србија е 1,07 процент.

Кризниот штаб заседава утре по чија седница може да се очекуваат нови мерки.