17.8 C
Скопје
19. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Видео: Почна Советот за безбедност, какви одлуки ќе бидат донесени?

Во Кабинетот на Претседателот „Вила Водно“ се одржува десеттата седница на Советот за безбедност на којашто се разговара за актуелната ситуација со пандемијата на Ковид -19 на територијата на Република Северна Македонија и мерките и активностите на надлежните институции.

https://youtu.be/diTgdUDIcZQ

Според информациите на денешниот состанок се очекува тема да биде актуелната криза со Ковид 19 во Македонија.

Можно е и донесување на кризна состојба, која ќе го олесни вклучувањето на Армијата во борбата со опасниот вирус.

На оваа седница на Советот нема да биде донесена вонредна состојба или полициски час. Воведувањето на полициски час може да го донесе Владата, но од таму, во повеќе наврати информираа дека тоа ќе биде последната мерка која би се спровела доколку актуелните мерки не дадат со плод.