17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

На повидок вакцина против коронавирус од Кина

Студијата покажува дека една од вакцините против Ковид-19 направена во Кина покажува брза реакција на имунолошкиот систем.

Вакцината против Ковид-19, развиена во Кина, покажа успех во втората фаза на тестирање, велат истражувачите.Во Кина се развиваат неколку вакцини, од кои некои веќе се користат.

Според истражувачите, вакцината на Синовак Биотек дала брз имунолошки одговор за време на студија спроведена на 700 луѓе.Четири вакцини влегоа во четвртата фаза на клинички испитувања, заедно со онаа на „Синовак Биотек“.

Сепак, резултатите објавени во научното списание Лансет се само од првата и втората фаза на тестирање на една од овие четири вакцини.Зу Фенгакаи, еден од авторите на трудот, вели дека резултатите засновани на 144 учесници во фаза 1 и 600 во фаза 2 значат дека вакцината е погодна за итна употреба.Податоците од големите испитувања во фаза 3 сè уште не се објавени.

Бидејќи пандемијата е скоро целосно под контрола во Кина, последната фаза на тестирање на кинеската вакцина се спроведува во Пакистан, Саудиска Арабија, Русија, Индонезија и Бразил.Според официјалните лица, близу 60.000 луѓе ја примиле вакцината од почетокот на ноември.

Спонзорирано: