17.8 C
Скопје
28. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУССВЕТ

Јужна Австралија се затвора поради нагло зголемување на бројот на заразени

Властите на Јужна Австралија најавија воведување на шестдневно затворање поради брзото ширење на коронавирусот и зголемувањето на бројот на новозаразени.

Во последните 24 часа се евидентирани 22 нови случаи на Ковид-19, поради што се воведуваат мерки со кои ќе се ограничи движењето на граѓаните и работењето на деловните субјекти, објави премиерот на државата Јужна Австралија, Стивен Маршал.

Шефот на јавната здравствена служба, Никола Суријер, изјави дека формата на вирусот што сега се појави е специфична поради „многу, многу краток период на инкубација“, поточно, ако некое лице дојде во контакт со вирусот, симптомите на „ковида-19“ ќе се појават за само 24 часа или помалку од моментот на инфекција.

За време на шестдневното затворање, на луѓето ќе им биде забрането да ги напуштаат своите домови, освен на едно лице по домаќинство на кое ќе му биде дозволено да оди на шопинг еднаш дневно.

Маските остануваат задолжителни, училиштата, рестораните за брза храна, кафулињата и универзитетите ќе бидат затворени, како и индустријата.

Установите за стари лица и лицата со посебни потреби исто така ќе бидат затворени, ќе бидат забранети свадби и погреби, како и физички активности на јавно место.

Нема нови случаи на Ковид-19 во Јужна Австралија од 31 октомври, а вкупно 551 случај се потврдени во оваа земја од почетокот на пандемијата.

Спонзорирано: