9.8 C
Скопје
24. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay / илустрација
КОРОНАВИРУСТЕМАИЗБОР

Швајцарија, Франција, Турција, Грција, нема држава која не страда од вирусот

Статистиката за Ковид-19 во последните 24 часа е загрижувачка низ целиот свет. Речиси не постои држава во која секојдневно не се зголемуваат бројките на починати и заразени. Светската здавствена организација соопшти дека над 55 милиони луѓе во светот се заболени од корона вирусот, а дека над милион и 300 илјади се починати. Рапидното зголемување на заразените и починати лица се должи на силниот бран на вирусот, како и неможноста на државите целосно да го спречат неговото ширење, па затоа пристапуваат кон нови рестриктивни мерки, со цел да ја намалат неговата експанзија, се додека светот не започне имунизација со вакцина.

фото Pixabay

Бројките кои се објавени во последните 24 часа покажуваат дека нема држава која е имуна на вирусот, и дека нема здравствен систем кој може ефикасно да се справи со ширењето на заразата. Имено, Во Швајцарија, во последните 24 часа се потврдени нови 4 560 случаи на коронавирус, објавено е на официјалната веб-страница за следење на епидемијата. Од последното пресек на податоци починале 142 лица, пренесе Ројтерс. Франција го надмина прагот од два милиона заразени со новиот коронавирус од почетокот на епидемијата.

„Вториот бран е силен, смртоносен, го преминуваме прагот од два милиона случаи на Ковид-19“- изјавија француските власти. Тоа е за 45.552 случаи повеќе во последните 24 часа. Таму се хоспитализирани дури 33.500 пациенти.

Националната организација за јавно здравје на Грција, денеска соопшти 63 смртни случаи од Ковид-19 и 2 422 новозаразени. Во споредба со вчера, за 43 е зголемен бројот на пациенти приклучени на апарати и денеска изнесува 443. Претседателот на Турција Реџеп Таип Ердоган соопшти дека Турција, поради зголемениот број случај на зараза со коронавирусот, ќе воведе полициски час кој ќе се однесува на викендите и ќе трае од 20 часот навечер до 10 часот наутро, јавуваат турските медиуми. Поради мерките, одделни дејности како фризерските салони, трговските центри, рестораните и продавниците ќе мора да го прилагодат работното време. Покрај полицискиот час, Турција реши да ги затвори училиштата, па сè до крајот на полугодието наставата ќе се одвива онлајн.

Pixabay / Илустрација

Во Србија во последните 24 часа од корона вирусот се заразени нови 4 994 лица, од последиците од корона вирусот починале 24 пациенти. Ова е најлош ден од почетокот на епидемијата во Србија. Србија од вечерва оди под полициски час со цел спречување на ширење на зарзата. Почнувајќи од 21 часот, па се до 5 науто под клуч ќе бидат угостителските објекти, ноќните клубови, трговските центри и продавниците. Мерките ќе важат 15 дена, до 1 декември.

Во Словенија, рекордни 45 лица починаа од коронавирус во последните 24 часа, а потврдени се 1 388 нови случаи, објавено е на владиниот профил на Твитер. Словенечката влада ги продолжи мерките против епидемијата за уште 30 дена во кои ќе може да се преземат активности за забавување на ширењето на вирусот. Во Бугарија во последното деноноќие регистрирани се нови 3 519 случаи на Ковид-19. Дури 152 лица починале за истиот период, се наведува на владината веб-страница за следење на епидемијата. Во последните 24 часа, во Хрватска се регистрирани нови 1 945 случаи на инфекција со коронавирус, а 31 лице починало, објави Националниот штаб за цивилна заштита. Бројот на активни случаи во Хрватска се искачи на 15 371, меѓу нив 1 827 пациенти се на кислородна поддршка.

Спонзорирано:

Можеби ќе ве интересира

Заедно заштитени-вакцините делуваат – Караванот за информирање и вакцинација ќе посети 24 локации низ земјата

M T

Нови 75 позитивни на коронавирус, пријавени се 2 починати лица

M T

Регистрирани се 81 новозаразени со коронавирус, нема починати лица

M T

Нов Зеланд ги укинува скоро сите мерки за Ковид-19

M T

Ковачевски за „Политика“: Развиен регион интегриран во ЕУ се наши стратешки приоритети

M T

Ковачевски за „Политика” : Регионот заедно ќе ја преброди зимата, да нема недостаток на храна и енергенси

M T