22.8 C
Скопје
2. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
КОРОНАВИРУСТЕМА

Седум групи на симптоми на ковид-19

Пецкање во грлото, главоболка, благо течење на носот – какви се симптомите на ковид-19? Пред една година, тие болести или лесна настинка немаше да нè интересираат – ако воопшто и ги забележувавме. Но сега, во есента 2020 година, тоа изгледа сосема поинаку.

Доволно е само да кивнете за да започнете да размислувате: „Каде сум бил во последните неколку дена, колку сум бил близу до луѓето, што сум допрел? Дали ми функционираат сетилата за мирис и вкус? Малку ми недостасува здив…“

Без паника. Ако ви значи нешто: Не сте единствени!

Научниците и лекарите исто така постојано се преокупирани со такви мисли и сè уште се обидуваат да влезат во трага на мноштвото симптоми коишто може да ги има лице заразено со коронавирус.

Научниците од Медицинскиот универзитет во Виена сега може да внесат барем малку повеќе ред во долгиот список на знаците на инфекцијата со коронавирусот. Имено, тие утврдија седум различни облици со благ тек на оваа болест.

Нивна примарна цел е: да откријат како изгледа добар имунитет по заздравувањето и врз основа на што тој може да се измери.

За таа цел, имунологот Винфрид Пиклом, алергологот Рудолф Валент и нивните колеги испитале 109 рековалесценти – т.е. луѓе коишто преболеле коронавирус и испитале 98 здрави луѓе од контролната група и извршиле тестови на нивната крв.

Седум групи на симптоми на ковид-19:

Врз основа на добиените бази на податоци, научниците успеаја да покажат дека различни симптоми на ковид-19 се поврзани и дека се појавуваат во таканаречените групи на симптоми. Тие ги идентификуваа следните седум групи:

1. Симптоми слични на грип (температура, треска, замор и кашлица)

2. Симптоми на настинка (течење на носот, кивање, суво грло и затнат нос)

3. Болки во зглобовите и мускулите

4. Воспаление на очите и слузницата

5. Проблеми со белите дробови (воспаление на белите дробови, пневмонија и отежнато дишење)

6. Проблеми со гастроинтестиналниот тракт (вклучувајќи пролив, гадење и главоболка) 7. Губење на сетилото за мирис, вкус и други симптоми, пренесува Слободен Печат.

Спонзорирано: