21.8 C
Скопје
27. април 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото bolnica.org.mk / Официјален веб сајт на Градска болница 8-ми септември
КОРОНАВИРУСМАКЕДОНИЈА

Во ковид-центрите во Скопје вчера биле хоспитализрани 40 пациенти

Во изминатите 24 часа во ковид-центрите во Скопје се примени нови 40 пациенти позитивни и суспектни на вирусот на Ковид-19. На интерните клиники имало вкупно 10 приеми, и тоа 6 во ковид-центарот на Клиниката за кожни болести и 4 пациенти биле хоспитализрани на Институтот за белодробни заболувања и ТБЦ. На Клиниката за инфективни болести во изминатото деноќие имало 20 приеми, а во ковид-центарот во ГОБ „8 Септември“ се примени 10 нови пациенти.

Од центрите се пријавени 37 оздравени пациенти, кои биле пуштени дома.

На Кожната клиника во ковид-центарот во моментот се лекуваат 30 пациенти, на Клиниката за неврологија – 25 болни, а на Институтот за ТБЦ се примени вкупно 54 пациенти со симтоми на коронавирусот. Во ГОБ „8 Септември“ има 79 болни, на Клиниката за инфективни болести лежат 157 пациенти, а во Иститутот за белодробни заболувања кај деца во Козле има 41 пациент, од кои 14 деца и 27 возрасни.

Вкупно 347 пациенти потврдени и сомнителни на Ковид-19 се лекуваат на инфективните оддели во болниците во главниот град. Голем дел од нив е на кислородна поддршка.

„И покрај големиот број приеми, слободни места во моментот има доволно во ковид-центрите на Интерните клиники, а се очекува во тек на денот, по направените исписи на оздравените пациенти, да се ослободат и дополнителни места и на Клиниката за инфективни болести и во ГОБ ‘8 Септември’“, велат од Министерството за здравство.

Од викендот пациенти ќе почнат да се примаат и во новите коивид-центри на Клиниката за нефрологија и на Клиниката за гастроентерохепатологија.

Спонзорирано: